Skip Navigation

National Geographic Society This program is distributed in the U.S. and Canada by National Geographic and EHD. [learn more]

Multilingual Illustrated DVD [Tutorial]

The Biology of Prenatal Development




БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


 
Download English PDF  Download Spanish PDF  Download French PDF  What is PDF?
 

The Fetal Period (8 Weeks through Birth)

Chapter 37   9 Weeks: Swallows, Sighs, and Stretches

Период на плодот којшто продолжува сè до раѓањето.

До 9 седмици, фетусот започува да го цица палецот и може да голта од амнионската течност.

Фетусот исто така може да зграби предмет, движи главата напред и назад, отвора и затвора вилицата, движи јазикот, воздивнува и истегнува.

Нервните рецептори на лицето, на дланките на рацете, и на табаните на стопалата може да осетат лесен допир.

"Како одговор на слаб допир на табанот на стопалото", фетусот ги свиткува колкот и коленото, а може да ги свитка и ножните прсти.

Очните капаци сега се потполно затворени.

Во ларингсот, појавата на вокалните лигаменти означува почеток на развојот на гласните жици.

Кај женските фетуси, може да се идентификува матката и несозреани репродуктивни клетки наречени оогонии, коишто се реплицираат во овариумите.

Надворешните гениталии започнуваат да се разликуваат според полот.

Chapter 38   10 Weeks: Rolls Eyes and Yawns, Fingernails & Fingerprints

Брзото растење помеѓу 9 и 10 седмици ја зголемува телесната тежина за преку 75%.

До 10 седмици, стимулација на горниот очен капак причинува вртење на окото надолу.

Фетусот се проѕева и често ја отвора и затвора устата.

Повеќето фетуси го цицаат десниот палец.

Делови од цревата во папочната врвца се враќаат во стомачната празнина.

Во повеќето коски осификацијата е во тек.

Започнува раст на нокти на рацете и на нозете.

Уникатните отпечатоци на прстите се појавуваат 10 седмици по оплодување. Овие шари, во текот на животот, може да се користат за идентификација.

Chapter 39   11 Weeks: Absorbs Glucose and Water

До 11 седмици носот и усните се целосно оформени. Како и секој друг дел од телото, нивниот изглед ќе се менува на секоја етапа од човековиот животен циклус.

Цревата започнуваат да апсорбираат гликоза и вода што фетусот ги голта.

Иако полот е одреден при оплодувањето, надворешните гениталии сега може јасно да се одредат како машки или женски.

Chapter 40   3 to 4 Months (12 to 16 Weeks): Taste Buds, Jaw Motion, Rooting Reflex, Quickening

Помеѓу 11 и 12 седмици тежината на фетусот се зголемува за речиси 60%.

Дванаесет седмици го обележуваат крајот на првата третина, или триместар, од бременоста.

Одделни рецептори за вкус сега ја покриваат внатрешноста на устата.
До раѓањето, рецепторите за вкус ќе останат само на јазикот и на горниот дел на устата.

Перисталтиката на цревата започнува најрано на 12 седмици и продолжува во текот на следните 6 седмици.

Материјата што прва се исфрла од дебелото црево на фетусот и новороденчето се нарекува мекониум. Составена е од дигестивни ензими, протеини и мртви клетки излачени од дигестивниот тракт.

До 12 седмици, должината на горните екстремитети речиси го достигнува конечниот сразмер со големината на телото. На долните екстремитети им е потребно подолго време да ги достигнат своите конечни пропорции.

Со исклучок на задниот дел од телото и врвот на главата, целото тело на фетусот сега реагира на слаб допир.

Развојните разлики што зависат од полот се појавуваат за првпат. На пример, женските фетуси ги движат вилиците почесто од машките.

За разлика од реакцијата на повлекување што можеше да се види претходно, сега, стимулацијата во близина на устата предизвикува реакција на свртување кон стимулацијата и отворање на устата. Оваа реакција се нарекува "рефлекс за барање" и постои и по раѓањето, помагајќи му на новороденчето да ја најде мајчината брадавица во текот на доењето.

Лицето продолжува да созрева со наталожување на масно ткиво на образите а започнува и развојот на забите.

До 15 седмици се појавуваат основни крвообразувачки клетки и се мултиплицираат во коскената срж. Крвните клетки, во најголем дел се формираат овде.

Иако и ембрионот стар 6 седмици се движи, бремената жена за првпат ги чувствува движењата на фетусот помеѓу 14 и 16 седмици. Обично, тогаш се вели дека детето се разбудило.

Chapter 41   4 to 5 Months (16 to 20 Weeks): Stress Response, Vernix Caseosa, Circadian Rhythms

До 16 седмици, процедурите кои вклучуваат вметнување на игла во абдоменот на фетусот предизвикуваат хормонална реакција на стрес со ослободување на норадреналин или норепинефрин во крвотокот.

Во респираторниот систем, бронхијалното дрво сега е скоро комплетирано.

Заштитна бела супстанција, наречена верникс, сега го покрива фетусот. Верниксот ја заштитува кожата од иритирачките ефекти на амнионската течност.

Од 19 седмици движење на плодот, активност на дишење, и ритам на срцето започнуваат да се одвиваат во дневни циклуси наречени кружни ритми.

Chapter 42   5 to 6 Months (20 to 24 Weeks): Responds to Sound; Hair and Skin; Age of Viability

До 20 седмици полжавот, што е орган за слух, веќе достигнал големина како кај возрасни во целосно развиеното, внатрешно уво. Одсега па натаму, фетусот ќе реагира на растечки опсег на звуци.

Косата почнува да расте на черепот.

Веќе постојат сите слоеви и структури на кожата, вклучувајќи ги фоликулите на косата и жлездите.

До 21 или 22 седмици по оплодувањето, белите дробови се здобиваат со извесна способност за дишење. Ова се смета за време на здобивање со способност за живот бидејќи опстанокот надвор од матката станува можен за некои фетуси.

Chapter 43   6 to 7 Months (24 to 28 Weeks): Blink-Startle; Pupils Respond to Light; Smell and Taste

До 24 седмици очните капаци пак се отвораат и фетусот покажува реакција со трепкање. Оваа реакција на ненадејни, гласни шумови, обично кај женскиот фетус се развива порано.

Неколку истражувачи известуваат дека изложеноста на гласни шумови може негативно да влијае врз здравјето на фетусот. Моменталните последици вклучуваат пролонгиран забрзан срцев ритам, претерано голтање на фетусот и нагли промени во однесувањето. Можните трајни последици се целосно губење на слухот.

Ритам на дишење кај плодот може да се зголеми до 44 циклуси на вдишување - издишување во минута.

Во текот на третиот триместар од бременоста забрзаниот раст на мозокот зема повеќе од 50% од енергијата што ја користи фетусот. Тежината на мозокот се зголемува помеѓу 400 и 500%.

До 26 седмици очите произведуваат солзи.

Зениците реагираат на светло најрано на 27 седмици. Со оваа реакција се регулира количеството светлина што стигнува до ретината во текот на животот.

Сите компоненти потребни за функционирање на сетилото за мирис се функционални. Студиите на предвремено родени бебиња ja откриваат способностa за откривање мириси најрано на 26 седмици од оплодувањето.

Со внесување блага супстанца во амнионската течност се зголемува степенот на голтање кај фетусот. Во спротивно, до намалување на степенот на голтање доаѓа ако се внесе горчлива материја. Често се забележуваат промени во изразите на лицето.

Преку серии на движења како при одење, слични на чекорење, фетусот се превртува преку глава.

Фетусот е сè помалку збрчкан со наталожување на масно ткиво под кожата. Масното ткиво игра витална улога во оддржување на телесната температура и зачувување енергија по раѓањето.

Chapter 44   7 to 8 Months (28 to 32 Weeks): Sound Discrimination, Behavioral States

До 28 седмици фетусот може да разликува високи и ниски тонови.

До 30 седмици, движењата за дишење се доста чести и се појавуваат 30 до 40% од времето кај просечен фетус.

Во текот на последните 4 месеци од бременоста, фетусот покажува периоди на координирана активност разделени со периоди на одмор. Овие состојби на однесување ја одразуваат постојано растечката комплексност на централниот нервен систем.

Chapter 45   8 to 9 Months (32 to 36 Weeks): Alveoli Formation, Firm Grasp, Taste Preferences

До приближно 32 седмици, вистинските алвеоли, или клетките "џебови" за воздух, започнуваат да се развиваат во белите дробови. Тие ќе продолжат да се создаваат се до 8 години по раѓањето.

На 35 седмици фетусот има цврст рефлекс на зграпчување со раката.

Изложување на фетусот на различни супстанции се чини влијае врз наклоноста на вкусот по раѓањето. На пример, фетусите чии мајки консумирале анасон, супстанција што има благ вкус, по раѓањето покажуваат наклонетост кон анасон. Новороденчињата што не биле изложени, не го сакале анасонот.

Chapter 46   9 Months to Birth (36 Weeks through Birth)

Фетусот ги предизвикува трудовите излачувајќи големи количества од хормонот наречен естроген и на тој начин започнува транзицијата од фетус кон новороденче.

Трудовите се карактеризираат со силни контракции на матката, коишто водат до раѓање на детето.

Од оплодувањето до раѓањето и понатаму, човечкиот развој е динамичен, континуиран и комплексен. Новите откритија за овој фасцинантен процес сè повеќе го докажуваат виталното влијание на развојот на фетусот врз здравјето во текот на целиот живот.

Како што се зголемува нашето знаење за раниот човечки развој, така се зголемуваат нашите можности за подобрување на здравјето - пред и по раѓањето.


Add a Comment

Your Name: Log In 3rd-party login: Facebook     Google     Yahoo

Comment: