Skip Navigation
The Endowment for Human Development
The Endowment for Human Development
Improving lifelong health one pregnancy at a time.
Donate Now Get Free Videos

Multilingual Illustrated DVD [Tutorial]

The Biology of Prenatal Development




БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


National Geographic Society This program is distributed in the U.S. and Canada by National Geographic and EHD. [learn more]

Choose Language:
Download English PDF  Download Spanish PDF  Download French PDF  What is PDF?
 

Chapter 1   Introduction

Динамичниот процес преку кој едноклеточниот човечки зигот се претвора во човек со 100 трилиони клетки е можеби највпечатливиот природен феномен.

Истражувачите сега знаат дека многу од рутинските функции кои ги извршува телото на возрасен човек се воспоставуваат во текот на бременоста - честопати долго пред раѓањето.

Развојниот период пред раѓањето сè повеќе се толкува како време за подготовка во кое човекот, кој се развива, се здобива со многу структури и извежбува многу вештини, потребни за опстанок по раѓањето.

Chapter 2   Terminology

Бременоста кај луѓето обично трае околу 38 седмици сметајќи од моментот на оплодување, или зачнување, до раѓање.

Во текот на првите 8 седмици по оплодување човекот во развој се нарекува ембрион, што значи "растење одвнатре". Ова време, наречено ембрионален период, е карактеристично по тоа што во него се формираат повеќето главни телесни системи.

Од завршувањето на 8 седмици па сè до крајот на бременоста "човекот во развој се нарекува фетус", што значи "нероден потомок". За ова време, наречено период на плод, телото расте и неговите системи почнуваат да функционираат.

Сите фази на ембрионот и плодот во оваа програма се одредуваат според изминатото време од оплодувањето.

The Embryonic Period (The First 8 Weeks)

Embryonic Development: The First 4 Weeks

Chapter 3   Fertilization

Биолошки кажано, "човечкиот развој започнува со оплодување", кога жената и мажот ќе комбинираат секој по 23 од своите хромозоми преку спојување на нивните репродуктивни клетки.

Женската репродуктивна клетка вообичаено се нарекува "јајце" но, точниот термин е ооцит.

Исто така, машката репродуктивна клетка е општопозната како "сперматозоид" но, попрецизен термин е сперматозоон.

По ослободувањето на ооцит од овариумот на жената во процес наречен овулација, ооцитот и сперматозоонот се спојуваат во еден од јајцеводите, кои често се нарекуваат Фалопиеви цевки.

Јајцеводите ги поврзуваат овариумите на жената со нејзиниот утерус или матка.

Резултатот е едноклеточен ембрион - зигот, што значи "споен во едно".

Chapter 4   DNA, Cell Division, and Early Pregnancy Factor (EPF)

46-те хромозоми на зиготот го претставуваат единственото прво издание на комплетниот генетски запис на новата личност. Овој главен план се содржи во тесно извиткани молекули наречени ДНК. Тие ги содржат инструкциите за развојот на целото тело.

ДНК-молекулите личат на извиткано скалило познато како двојна спирала. Пречките на скалилото се составени од парови молекули, или бази, наречени гванин, цитозин, аденин и тимин.

Гванин се спарува само со цитозин, а аденин со тимин. Секоја човечка клетка содржи околу 3 милијарди од овие базни парови.

ДНК на една клетка содржи толку многу информации што кога би ги претставиле со печатени зборови, за да се направи список со само првата буква на секоја база ќе треба повеќе од 1,5 милиони страници текст!

Распослана од почеток до крај должината на ДНК во една човечка клетка изнесува 3 1/3 стапки или 1 метар.

Кога би можеле да ја одвиткаме целата ДНК во 100-те трилиони клетки на еден возрасен човек, таа би се издолжила на преку 63 милијарди милји. Ова е пати повеќе од растојанието Од Земјата до Сонцето и назад.

Околу 24 до 30 часа по оплодувањето, зиготот ја завршува својата прва делба на клетките. Преку процесот митоза, една клетка се дели на две, двете на четири и така натаму.

Најрано 24 до 48 часа по почеток на оплодувањето, бременоста може да се потврди со откривање на хормон во крвта на мајката, наречен "фактор на рана бременост".

Chapter 5   Early Stages (Morula and Blastocyst) and Stem Cells

До 3 или 4 дена по оплодувањето, клетките на ембрионот што и натаму се делат добиваат сферична форма и ембрионот сега се нарекува морула.

До 4 или 5 дена, се формира шуплина во оваа топка од клетки и тогаш ембрионот се нарекува бластоцист.

Клетките во бластоцистот се нарекуваат внатрешна клеточна маса и овозможуваат растење на главата, телото и други структури витални за човекот во развој.

Клетките во внатрешната клеточна маса се наречени основни ембрионални клетки зашто имаат способност да формираат над 200 видови клетки што се содржат во човечкото тело.

Chapter 6   1 to 1½ Weeks: Implantation and Human Chorionic Gonadotropin (hCG)

По патувањето низ јајцеводот, раниот ембрион се вградува во внатрешниот ѕид на мајчиниот утерус. Овој процес, што се нарекува имплантација, започнува 6 дена и завршува 10 до 12 дена по оплодувањето.

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција која се открива со повеќето тестови за бременост.

HCG ги упатува мајчините хормони да го прекинат нормалниот менструален циклус, овозможувајќи продолжување на бременоста.

Chapter 7   The Placenta and Umbilical Cord

По имплантацијата, клетките од периферијата на бластоцистот иницираат развивање на дел од една структура наречена плацента, која служи како посредник помеѓу мајчините и ембрионалните системи за циркулација.

Плацентата пренесува кислород, хранливи материи, хормони и лекови од мајката на човекот во развој; ги отстранува сите отпадни материи; и го спречува мешањето на мајчината крв со крвта на ембрионот и фетусот.

Плацентата исто така излачува хормони и ја оддржува ембрионалната и телесната температура на плодот малку повисока од температурата на мајката.

Плацентата оддржува врска со човекот во развој преку садовите на папочната врвца.

Способноста на плацентата да го оддржува животот е споредбена со апаратите во одделенијата за интензивна нега во современите болници.

Chapter 8   Nutrition and Protection

До 1 седмица, клетките од внатрешната клеточна маса формираат два слоја наречени хипобласт и епибласт.

Од хипобластот се развива жолчната вреќичка, што е една од структурите преку кои мајката го снабдува со хранливи материи раниот ембрион.

Клетките од епибластот формираат мембрана наречена амнион, во чија внатрешност ембрионот, а подоцна фетусот се развиваат сè до раѓањето.

Chapter 9   2 to 4 Weeks: Germ Layers and Organ Formation

До истекот на приближно 2 1/2 седмици, од епибластот се формирани 3 специјализирани ткива, или ембрионални слоеви, наречени ектодерм, ендодерм, и мезодерм.

Од ектодермот се развиваат бројни структури вклучувајќи го мозокот, 'рбетниот мозок, нервите, кожата, ноктите и косата.

Од ендодермот се создаваат основата на респираторниот систем и дигестивниот тракт, како и делови од главните органи како што се црниот дроб и панкреасот.

Од мезодермот се формираат срцето, бубрезите, коските, 'рскавицата, мускулите, крвните клетки и други структури.

До 3 седмици мозокот се дели на три примарни делови наречени голем мозок, среден мозок и мал мозок.

Развојот на респираторниот и дигестивните системи исто така е во тек.

Штом првите крвни клетки ќе се појават во жолчната вреќичка, крвните садови се формираат низ целиот ембрион и се развива цевчесто срце.

Речиси веднаш, срцето коешто забрзано расте се пресвиткува навнатре и започнуваат да се развиваат засебни комори.

Срцето започнува да чука 3 седмици и 1 ден по оплодувањето.

Системот за циркулација е првиот телесен систем, или група на поврзани органи, што постигнува функционална состојба.

Chapter 10   3 to 4 Weeks: The Folding of the Embryo

Помеѓу 3 и 4 седмици, телесниот распоред веќе се наѕира; мозокот, 'рбетниот мозок и срцето на ембрионот се лесно препознатливи, исто како и жолчната вреќичка.

Брзиот раст предизвикува свиткување на релативно рамниот ембрион. Овој процес вклучува еден дел од жолчната вреќичка во облогата на дигестивниот систем и ги формира градите и стомачната шуплина на човекот во развој.

Embryonic Development: 4 to 6 Weeks

Chapter 11   4 Weeks: Amniotic Fluid

До 4 седмици проѕирниот амнион го опкружува ембрионот во ќесе исполнето со течност. Оваа стерилна течност, наречена амнионска течност, го заштитува ембрионот од повреди.

Chapter 12   The Heart in Action

Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.

Забележете како срцето ја менува бојата како што крвта влегува и излегува од коморите со секое отчукување.

Просечно, срцето отчукува 54 милиони пати пред раѓањето и над 3,2 милијарди пати во текот на 80-годишен животен век.

Chapter 13   Brain Growth

За забрзаниот раст на мозокот сведочи сменетиот изглед на големиот мозок, средниот мозок и малиот мозок.

Chapter 14   Limb Buds

Развојот на горните и долните екстремитети започнува со појавата на нивните зачетоци до 4 седмици.

До овој период кожата е проѕирна затоа што е дебела колку еден слој клетки.

Со здебелување, кожата ќе ја изгуби проѕирноста, што значи дека развојот на внатрешните органи ќе може да се набљудува само уште еден месец.


Add a Comment

Your Name: Log In 3rd-party login: Facebook     Google     Yahoo

Comment: